Кавадарци: ул.Илинденска бр.45, 1430 Кавадарци
Тел: 043 400 305; 400 306; Факс: 043 412 306
моб: 071 250 252; 070 218 080

Скопје: Деловен Центар Палома Бјанка, IV кат
Тел: 02 3 298 730; Факс: 3 298 748; моб: 071 250 254
почетна
 
 
 
Закинтос
Пефкохори
Полихроно
Неи Пори
Паралиа
Олимпик Бич
Неа Потидеа
Крф
Хрватска
Автобуски превоз

E-MAIL Вести
Внесете ја вашата емаил адреса:
 
се наоѓате во:  Прва страницаОпшти услови

ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ

1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот на програмата. Содржината на аранжманот ќе го оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди и слично)

 
2. ПРИЈАВИ И УПЛАТИ

Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата, со уплата на аконтација назначена со секоја поединечна програма. Пријавите можат да се извршат во сите агенции овластени за продажба на овие програми. При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот. При пријавувањето патникот потпишува пријава-договор со изјава - Изјавувам дека сум запознат со програмата и Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам со што Општите услови стануваат правна обврска за организаторот и патникот.


3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цените за сите патувања се објавени во соодветна валута во програмата. Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на двата дела од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата.


4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугите е под надзор на локалните туристички организации, стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за било каква усмена или писмена информација која не е во согласност со описот на услугите во оваа промена.


5. ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги.

Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.


6. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:

-         за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%

-         за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 20%

-         за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 25%

-         за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%

-         за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот.

Во случај на отказ на веќе потврдена резервација на упит, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.

Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трошоци во висина од 10 ЕУР (во денарска противредност).

Доколку патникот се откаже од патувањето од причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест или смрт во потесното семејство, елементарна непогода, воена обврска и сл.) и врз основа на важечка потврд од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци во наведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот.


7. ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за понудениот аранжман и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност  во случај  на промени и неизвршување на услуги предизвикани  од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства , за кои превозникот не одговара  според позитивните прописи  и меќународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата или ако емиграционото одделение  на странска земја не  одобри влез на одреден патник, ниту за било кои  други последици кои произлегуваат  поради евентуалната  неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот ги плаќа дополнителните трошоци.


8. ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства  и да соработува со представникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера.

Во случај на непочитување на овие обврски  патникот одговара на организаторот за направената штета. Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот. Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот  дали во земјата во која  патува ( или за земјите низ кои се патува во транзит ) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува.


9. БАГАЖ

Патникот има право на бесплатен превоз до 15 кг багаж на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чартер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба ( до 20 кг ) по патник. За секој килограм багаж односно патна торба, преку дозволеното се наплаќа во зависност  од дестинацијата на патувањето. Деца до 2 год. на авионскиот превоз и деца кои  неплаќаат билет во автобусот немаат право на бесплатен багаж. Багажот се превезува на ризик на патникот, поради тоа препорачуваме Патничко осигурување преку осигурителна компанија..Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцени работи во хотелот. (Препорака наем на сеф).


10. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги  почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потребаод вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користење на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот.поради тоа препорачуваме Патничко осигурување  од Осигурителна компанија.


11. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколку купувачот не договорил соба/апартман со посебни карактеристики,ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот  (комфор,ориентација на собата,кат и сл.), но не може да гарантира исполнување на таквото барање. Сместување во собите е од 14 00 часот, а напуштањето на собите до 10 00 часот доколку во куќниот ред не е поинаку назначено.


12. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршуваање на услугите, патникот има право на сразмерно обештетување доколку приложи писмен  приговор. Секој патник - носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.

Постапка за поднесување приговор:

- Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот  на услугите. Патникот е должен да соработува  со  преставникот и со извршителот на услугите во добра  намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот  нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.

- Ако причината за рекламацијатане биде отстранета , патникот за тоа  составува со преставникот писмена потврда ( записник ).

- Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од преставникот како и евентуалните сметки за дополнителните трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедураа само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.

- Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на  информациите и проверка на  истите рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава  само оние рекламации за кои  во местото на одмор не можеле да бидат  одстранети причините кои ги предизвикале.

- Додека организаторот не донесе решение по  приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавни медиуми.

- Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа неможе да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот  за “идеална  штета “.

 
     
   Developed by Nextsense