8-ми март Солун – Паралија – Метеори – Св.Петка
2 дена - 1 ноќевање
1 ден 06.03.2010 СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ – СОЛУН – ПАРАЛИА. Тргнување на групата за Грција во 04:45 часот од пред Х.”ВИП” – во Скопје. Во 06:15 часот пред Т.А.”Балкан Турист”. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица. Пристигнување во Солун во предпладневните часови.
Панорамски разглед на Солун: Споменикот на Филип и Александар Македонски, плоштадот Аристотелис, Белата Кула, црквата Св.Димитрија. Слободно Време за шопинг. Во попладневните часови групата заминува за Паралија. Сместување во хотел со 3***. Вечерта факултативно посета на Таверна со вечера, Грчка музика и програма. Ноќевање.

2 ден. 07.03.2010 ПАРАЛИА – МЕТЕОРИ – КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ. Појадок. После појадокот посета на МЕТЕОРИ, каде што е предвидена посета на еден од Вековните манастири градени на многу високи недостапни карпести места. Попатно предвидена е посета на фабриката за производство на ИКОНИ и сувенири.На враќање предвидена е посета на црквата Агиа Параскеви или Св.Петка. Продолжување групата за Кавадарци – Скопје. Пристигнување во Кавадарци – Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 2.950,00 мкд.
Во цената се опфатени следните услуги:
-
Превоз на наведената релација со високо туристички автобус или минибуси
-
Разглед спрема програмата со посета на Метеори
-
Ноќевање со појадок во хотел со 3 *** на база ноќевање со појадок
-
Организација и водство на патот ( пратител на групата )
Во цената не се опфатени следните услуги:
- Таверна со Грчка музика и програма – 15 €
- Групна Грчка виза + групно патничко осигурување 930 мкд.
- Влезница во Манастир на Метеори – 2 €
- Потребни документи за вадење на Грчка виза:
- За оние што немаат Биометриски пасоши потребна е Грчка виза.Важечки пасош ; здравствена легитимација ; плави картони; 1- фотографија;фотокопија од М 1/2 заверени со оргинал печат од фирмата, за пензионери чек од пензија
- Пријавување и доставување на документите за виза најкасно 10 дена пред поаѓање
Напомена: За ова патување потребен е минимум од 40 особи. Доколку се патува со минибус минимум 16 особи. За ова патување важат општите услови пропишани од „ТОРИ” ДООЕЛ - Т.А.”Балкан Турист” и “СКТМ”. |