8-ми март Прага – Виена
05.03.2010 КАВАДАРЦИ-СКОПЈЕ-ПРАГА
Состанок на групата пред Т.А.Балкан Турист во 14:00 часот. Од Скопје поаѓање во 16:00 часот . Се патува преку Србија, Унгарија. Ноќно возење со паузи за одмор и царински формалности.
06.03.2010 ПРАГА Пристигнување во прага во предпладневните часови.
Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо Место, Карловиот Мост, Плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлоој, Тунската црква, Споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот Музеј, Горниот Град, Катедралата Св.Вито и др. Слободно попладне. Ноќевање.

07.03.2010 ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ Појадок. Слободно попладне или факултативна посета на Карлови Вари-најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културната елита од 19 век. Можност за посета на еден од 12 те извори, прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и Бечеровка. Слободно попладне. Вечерта можност за факултативно крстарење по Влтава со вечера. Ноќевање.
08.03.2010 ПРАГА-ВИЕНА Појадок. По појадокот заминување за Виена. Пристигнување во Виена во попладневните часови. Разглед на градот со локален стручен водич-разглед на Рингштрасе, катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Палатата Хофбург, Парламентот, Градското собрание, катедралата Фотиф, Универзитетот, Маријатерезианплац, Виенската опера, Дворецот Белведере.... Слободно време до поаѓање за Скопје. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
09.03.2010 СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ Пристигнување во Скопје - Кавадарци во предпладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.200,00 мкд
Во цената е вклучено:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во хотел 3 * на база 2 Н/П
- Разглед на Виена и Прага со стручен локален водич
- Организација и мпридружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Факултативна посета на Карлови Вари – 1.200,00 мкд
- Факултативно крстарење по Влтава- 1.200,00 мкд
- Шенген виза и патничко осигурување – 2.500 мкд за лицата што немаат биометриски пасоши
- Патничко осигурување – 260,00 мкд за лицата соо биометриски пасоши
- Влезници за културно - историските споменици
ЗА ОВОЈ АРАНЖМАН ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А.БАЛКАН ТУРИСТ И НА СКТМ
|