8-ми март Венеција, Фиренца и Верона
5 дена/2 ноќевања/Автобус
05. Март (Петок) КАВАДАРЦИ - СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА:
Состанок на групата пред Т.А.”Балкан Турист” Кавадарци во 13:00 часот. Во Скопје пред хотел”ВИП” во 14:30 часот. Тргнување за Венеција во 15:00 часот. Патувањето продолжува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.
 06. Март (Сабота) ВЕНЕЦИЈА. Пристигнување во Венеција во претпладневните часови. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Во пладневните часови панорамско разгледување на заспаната убавица: плоштадот и црквата Сан Мароко, Дуждевата палата, мостот на воздишки, Кулата, каналот Гранде, мостот Риалто... Ноќевање.
07. Март (Недела) ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА. Појадок. Слободен ден или можност за факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнина на ренесансата - разглед на Фиренца: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
08. Март (Понеделник) ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - ЉУБЉАНА. Појадок. Заминување за Верона - градот познат по Ромео и Јулија. Разгледување на Верона: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот... Тргнување за Македонија во попладневните часови, со попатна посета на Љубљана. Ноќно возење.
09. Март (Вторник) СКОПЈЕ - КАВАДАРЦИ. Пристигнување во Македонија во пладневните часови.
ЦЕНА: 9.200 мкд (149 евра)
Цената ги вклучува следниве услуги:
- Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел *** во Лидо ди Јесоло
- Панорамски разгледи на Венеција и Верона
- Организација и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (брод во Венеција)
- Факултативна посета на Фиренца (45 евра)
- Италијанска влезна виза и патничко осугурување 2.900 мкд
НАПОМЕНА:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
За овој аранжман важат општите услови за патување на АТЛАС ПЛУС и СКТМ.
|